Норилск е најсеверниот град во светот. Со околу 176.000 жители, овој руски град често е покриен со снег. Но, за жал, тој е познат по нешто негативно. Експертите го прогласиле Норилск за најзагаден град во светот.
Тој станувал сè позагаден уште во времето на Советскиот Сојуз поради рударските активности. По распаѓањето на државата, Норилск останал центар на рударството бидејќи се наоѓа во предел богат со скапоцени метали.
Во
истражувачка серија за градот, направена од „Инсајк клајмет њуз“ во соработка со американските медиуми „Ен-би-си њуз“ и „Андарк магазин“, се покажува дека најголем виновник за загадувањето во Норилск е фирмата „Норилск никел“. Станува збор за голем произведувач на паладиум и никел, како и платина, кобалт и бакар.
Компанијата произведува и обработува метали над 80 години. Се смета дека работата на компанијата довела до загадувањето во градот. Водата во реката Далдикан, која некогаш се користела за риболов, сега е сива, а многу дрвја се неплодни.
Загадувањето во Норилск поттикнало светско движење кое бара санкции за виновниците. Во меѓувреме, компанијата ветила дека ќе вложи во санација во корист на околината, иако поголемиот дел од жителите се скептични.
Извор: Green
Фото: Pixabay