Во рускиот град Саратов во тек е натпревар на социјалните мрежи за најстрашна фотографија од автомобили затрупани со снег или куќи оковани во мраз.
Овој град е погоден од рекордно високи количества врнежи на снег какви што не се видени во последните три децении, а тука се и температурите што осцилираат под и над нулата.
Градските служби задолжени за чистење биле неподготвени за врнежите, па сега објаснуваат дека ќе им бидат потребни барем две недели за чистење на снегот и мразот од покривите и од улиците.
Додека
градот се бори со ситуацијата со своите ограничени извори, жителите си наоѓаат барем некаква утеха во катастрофата - можност за правење добри фотографии.