Фото: Teslarat
Новото откритие на Илон Маск не е изненадување за повеќето од нас бидејќи тој веќе постави „здодевен“ твит уште минатата година како сообраќајот го полудува. И, како човек од збор, Маск постави концепт видео за она што изгледа како проект за тунелирање.
„The Boring Company“
Оваа компанија е компанија за инфраструктура и тунелирање основана од Илон Маск пред неколку месеци, во декември 2016. Првично, гужвата во сообраќајот и ограничувањата со постоечката 2D транспортна инфраструктура го инспирирале Маск да го концептуализира овој тунел проект. Тој смета дека тунелот би бил попрактичен пристап за сообраќајот.
Фото: Youtube/Screenshot
Најновото видео покажува сложена мрежа на подземни патишта каде автомобилите ќе можат да достигнат максимална брзина од 200 километри на час на футуристички под. „Hyperloop One“ веќе го објасни начинот на кој ваквата технологија на тунелирање ќе функционира. Во основа ќе бидат цевки со низок вакуум, со кој ќе се овозможи достигнување на брзина блиска до брзината на звукот.
Од видеото јасно е дека тунелот нема да има конвенционално или типично подесување како повзување на пат со влезот и излезот на тунелот. Наместо тоа, „Boring tunnel“ ќе има отворени подови по патиштата каде што автомобилите ќе можат да паркираат и да бидат спуштени во
подземната транспортна мрежа.