X
 18.01.2017 Технологија

Кои новитети ги подготвува „Google“ за 2017 година?

Заради големото влијание кое го има светот на потрошувачката електроника, важно е да се знае што подготвуваат од „Google“ за следните месеци кои се пред нас. Ова се неколку области во кои можеме да очекуваме новитети и напредок.


Нов „Pixel“

Иако нема конкретно ветување дека ќе излегува нов модел секојда година, можно е дека ќе добиеме нов паметен телефон „Pixel“. Сегашните модели на пазарот се само во неколку земји, воглавно бидејќи „Google Assistant“ е достапен на само неколку јазици.

Напреден оперативен систем „Andromeda“?

Хардверот за „Google“ не е непознат. Освен паметни телефони, запознаени се и со таблет, како и со персонални компјутери. Затоа, треба да се очекува напредок и на тоа подрачје, насочено кон платформа која ќе биде заедничка за различни уреди.

„Andromeda“ е платформа за повеќе системи и за неа многу се зборува, но до сега не сме имале прилика да видиме нешто конкретно. Замислена е со поддршка за сите видови на уреди, како темел за иден оперативен систем на „Google“.

Чекор кон виртуелна реалност

Проектот „Daydream“ отвори нов свет на корисниците на Андроид, но за сега технологијата на виртуелна реалност уште е прилично ограничена, а пречка е тоа што кај некои луѓе предизвикува мачнина или главоболка, како и помалку атрактивни содржини за платформата на „Google“. Тоа е проблем кој во компанијата мора да се реши : без повеќе содржина, нема повеќе корисници и обратно.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија