X
 19.08.2017 Технологија

Седнување без стол - необичен изум на швајцарска компанија

Седнувате кога сакате и каде сакате, без стол. Колку и да изгледа неверојатно, ова е вистина. Новиот изум, кој подразбира поставување на скелет на долниот дел од телото, овозможува седнување во кое било време без реално постоење на стол. За многумина ова е спас, особено за постарите лица.

фото извор: Noonee AG

Зади изумот стои швајцарската компанија „Нуни“, а ова е нејзин прв производ. Компанијата се фокусира на ергономијата, во мануфактурната индустрија, што значи дека се грижи за оптимизирање на условите за работа на работниците. Овој производ е наменет за работниците што константно се движат и прават невообичаени движења за кои им е потребна поддршка.

Изумот се состои од ремени кои се поставуваат на рамената како ранец, околу колковите, горните бутови и чевлите. Кога ќе сакате да седнете, малите прекинувачи ќе се заклучат околу вашите колена и можете да ја остварите седечката позиција. Овој производ е особено добар за деновите кога работниците не се чувствуваат добро, а и општо за генералното здравје.

Идејата за спојување на умот и машините во едно веќе не изгледа како научна фантастика. Технологијата оди чекор напред со ваквиот изум, кој ќе биде од голема корист и ќе им го олесни функционирањето на повеќето работници во светот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија