Кина развива онлајн верзија од својата национална енциклопедија, која ќе биде алтернатива на „Wikipedia“.
фото извор: Getty Images
Третото издание на Кинеската енциклопедија ќе вклучува 300 илјади записи, со околу 1000 зборови на напис.Кога ќе се комплетира наредната година, ќе биде отприлика со иста големина како Кинеската верзија на „Wikipedia“.
„Wikipedia“ е достапна во Кина, но многу медиуми и веб страници се цензурирани, а оние во кои се зборува на пример за Далај Лама или претседателот Кси Јинпинг, се блокирани.
Повеќе од 20 илјади автори од универзитети и истражувачки институции, работаат на комплетирањето на енциклопедијата, која се опишува како „дигитална книга за се“.
Кинезите сакаат да ја надминат „
Wikipedia“ со Кинеската енциклопедија.
И други земји имаат поставено цензура на „Wikipedia“ или пак, блокирале пристап до веб страницата, како на пример Турција и Русија, кои исто така најавиле дека ќе креираат алтернативна верзија.