Возев 112 километри на час од центарот на Сент Луис кога забележав дека нешто чудно се случува со мојот џип. Иако не ја допрев контролната табла, од вентилацијата во џипот почна да дува студен воздух на максимум. Потоа, радиото префрлаше станици и го засили тонот докрај. Се обидував да го исклучам, но тогаш се соочив со друг проблем. Почнаа да се вклучуваат бришачите на шофершајбната, а течноста за бришење го замагли стаклото.
Фото: Whitney Curtig
Додека се обидував да се справам со сето ова, се појави слика од двајца хакери на дигиталниот екран на автомобилот: Чарли Милер и Крис Валасек, облечени во нивните заштитни знаци - костуми.
Чудното однесување на џипот не беше неочекувано. Отидов во Сент Луис за Милер и Валасек да ги тестираат нивните хакерски истражувања што го правеле во текот на изминатата година. Резултатот од нивната работа беше техника на хакирање што може да навлезе во „џип чироки“ и на напаѓачот може да му даде безжична контрола преку интернет, на кое било од илјадниците возила. Нивниот код е кошмар за произведувачите на автомобили: софтвер што на хакерите им овозможува да испраќаат команди преку системот за забава на „Џип“ до функциите на контролната табла, управувачот, кочниците и преносот.
За подобро да го стимулираат искуството за возење на возилото додека е киднапирано од невидлива, виртуелна сила, Милер и Валасек одбија предвреме да ми кажат со какви напади ќе се соочат. Наместо тоа, тие ме уверија дека нема да направат ништо што би било опасно за живот. Потоа ми дадоа насоки да го возам џипот на автопат. „Запомни Енди, без разлика на тоа што ќе се случи, немој да паничиш“, ми рекоа.
Фото: Whitney Curtig
Како што хакерите се забавуваа со климатизацијата, радиото и бришачите на шофершајбната, јас ментално си честитав за мојата храброст под притисок. Тогаш тие го пресекоа преносот.
Наеднаш мојот педал за гас престана да работи. Како што очајно притискав на педалот и гледав како се искачуваат вртежите, џипот изгуби половина од својата брзина и почна да ползи. Со тоа, експериментот престана да биде забавен.
Го следев советот на Милер: не паничев, но побарав од хакерите да престанат со експериментот.
Ова не беше првпат Милер и Валасек да ме стават во истата ситуација - зад воланот на компромитиран автомобил. Летото 2013 година возев „форд ескејп“ и „тојота приус“ околу паркиралиштето, додека тие седеа на задното седиште со лаптопите, исклучувајќи ги моите сопирачки и командувајќи со воланот. Но нивниот хакерски напад тогаш имаше ограничување: нивниот компјутер беше поврзан со вграден дијагностички порт на возилото, функција што на техничарите обично им дава можност за пристап до информации за електронскиот контролен систем на автомобилот.
Хакерските напади на Милер и Валасек вклучуваат функции што на помала брзина целосно го изгаснуваат моторот, нагло ги вклучуваат сопирачките и целосно ги оневозможуваат. Истражувачите велат дека работат на усовршување на управувањето со воланот - засега, хакерите можат да го хакираат возилото кога џипот е во рикверц. Тие можат и да ги следат ГПС-координатите на џипот, да ја измерат брзината, па дури и да го следат.
Сето ова е возможно затоа што во „Крајслер“, како и сите други производители на автомобили, прават сè за да го претворат модерниот автомобил во паметен телефон. Сега автомобилите се поврзани со интернет, па така хакерите имаат безброј можности.
Хакерите веќе девет месеци ги споделуваат нивните истражувања со „Крајслер“, овозможувајќи ѝ на компанијата да испрати подобрување на системот пред конференцијата „Црна шапка“.
Фото: Whitney Curtig
Милер и Валасек не се првите хакери што хакираат автомобил преку интернет. Во 2011 година тим истражувачи од Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Диего покажале дека можат безжично да ги онеспособат бравите и кочниците на „седан“. Но овие академци имале подискретен пристап, чувајќи го во тајност идентитетот на хакираниот автомобил и споделувајќи ги деталите само со производителите на автомобилот.
Производителите на автомобилите што не ги послушале предупредувањата во 2011 година сега се соочуваат со можност за јавна депонија на безбедносните недостатоци на нивните возила. За автомобилската индустрија, објавувањето на истражувањата на Милер и Валасек би можело да биде последното предупредување пред ударот што би можеле да го примат.
Сега автомобилската индустрија треба да ги заштити автомобилите од хакерите. Меѓутоа, се чини дека производителите на автомобили повеќе се фокусирани на натпреварување меѓу себе за инсталирање нови мобилни услуги поврзани со интернет за забава, навигација и безбедност. Со тоа, на автомобилите компаниите им даваат функции што овозможуваат интернет, но не ги заштитуваат од дигитални напади. Експертите велат дека производителите треба да соработуваат со хакери што ќе ги изложуваат недостатоците на автомобилите наместо да се плашат или да ги антагонизираат - исто како што компаниите, на пр. „Мајкрософт“, еволуирале од закани на хакерите со тужби до покани на
безбедносни конференции и плаќање за тие да откријат безбедносни слабости.