X
 06.05.2017 Образование

Анкета за родители: Дали вашето дете било жртва на врсничко насилство?

Врсничко насилство или т.н. булинг е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување и насилство во училиштата, кое за жал не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот, преку интернет или социјалните мрежи. Жртви на ваков тип на насилство може да бидат сите ученици, машки и женски, на било која возраст. Жртвите вообичаено се поразлични од групата врсници или со некоја постапка или однесување се издвоиле од останатите. Психолошките последици кон малтретираните деца може да бидат сериозни.

Во многу земји, има регистрирано случаи и на самоубиства како последица на врсничко насилство. Во оваа анкета ги прашуваме родителите дали некогаш нивните деца се соочиле со ваков тип на насилство, како го решиле и какви се последиците за нивните деца. Ве молиме да издвоите време и да ги споделите вашите искуства.


Подготвил: М.Ф.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование