X
 11.05.2017 Образование

Отворен ден на Машински факултет - Скопје

Машинскиот Факултет во Скопје во рамките на своите активности за промоција на наставните програми и привлекување на нови студенти, организира настан со кој сакаме да ги запознаеме идните студенти со новите наставни програми кои за прв пат ќе започнат да се изучуваат од академската 2017/18 година.



Во таа насока, на 13.5.2017 година со почеток во 11:30 часот, во кругот на Машинскиот Факултет ќе организираме Отворен ден, кој оваа година ќе биде надополнет со забава и музичка програма. Присутните ќе имаат можност да ги разгледаат просториите на факултетот, да се запознаат со наставниот кадар, да ги разгледаат лабораториите со што ќе можат да се запознаат со тековните научно-истражувачки проекти со цел да добијат вистинска слика за темите кои се изучуваат на секоја од насоките. Дополнително, настанот ќе биде збогатен со присуство на едно летало од воздушната флота на Пилот тренинг центарот (PTC) кој врши обуки за пилоти и презентација на нивната програма. Дел од програмата на настанот ќе бидат и повеќе национални компании со презентација на своите брендови и услуги. Генералниот застапник на Мерцедес и Мицубиши во Македонија ќе биде присутен со тест електрично возило кое присутните ќе можат одблиску да го запознаат. Целиот настан ќе биде збогатен со промотивните активности на Ред Бул и музика од познатите ДиЏеи Гоце Саф и Чваре.

За присутните матуранти на Отворениот ден, Машински факултет организира и  изненадување при кое двајца најсреќни ќе имаат можност да освојат лаптоп компјутер.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование