Во последниве години се забележува зголемување на свеста кај потрошувачите за здрава, квалитетна и безбедна храна. Согласно тоа, потрошувачите од прехранбената индустрија и сите вклучени авторитети за храна очекуваат да се произведуваат нови иновативни продукти кои ќе имаат бенефити врз здравјето на луѓето. Истовремено, од голема важност е обезбедувањето одржлив систем во индустријата за храна. Тоа наметнува и потреба од едуциран кадар кој ќе биде подготвен да се вклучи во процесите на производство на безбедна и здрава храна во согласност со современите потреби.
Студирањето на модерни студиски програми поврзани со производството на храна претставува избор што гарантира стекнување знаења и профилирање стручен кадар, кој е баран на пазарот на труд и секогаш ѝ е потребен на заедницата.
Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ) од Велес, како високообразовна институција при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, обезбедува континуиран процес на образование на високостручни кадри преку современи студиски програми на трите циклуси академски студии кои овозможуваат стекнување знаења, вештини и искуства од областа на нутриционизмот, прехранбената технологија и биотехнологија.
Студиските програми на сите три циклуси се базираат на модерен мултидисциплинарен концепт насочен кон процесно-технолошките аспекти на производството на храна, во согласност со барањата на современиот потрошувач и новите сознанија во технологијата и науката за храна и исхрана. Програмите нудат знаења за водење и анализа на прехранбено-биотехнолошките процеси, имплементирање иновативни технологии и примена на методологии за добивање храна со задржани оптимални нутритивни вредности, но и знаења во правец на креирање, производство и промоција на различни видови функционална и нова храна, храна за посебни нутритивни потреби, додатоци на исхрана и сл. производи, следејќи го концептот на минимално процесирана храна и зачувување на биоактивните карактеристики на суровините.
Како дел од промотивните активности, на 2.2.2023 година во просториите на Технолошко-технички факултет Велес се реализира Отворен ден за матурантите од средните училишта од Велес и за сите заинтересирани. На настанот присуствуваа голем број матуранти и професори од средните училишта, кои од страна на наставниот кадар беа подетално запознаени со студиските програми што ги реализира Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Исто така, на присутните им беше презентирана и софистицираната опрема со која располага факултетот, можностите за изведување практична настава и лабораториска работа.
Матурантите покажаа голема заинтересираност за студиските програми и можностите за студирање на Технолошко-технички факултет – Велес. Квалитетот на стекнатите знаења кај дипломираните студенти е препознаен од реномирани компании од прехранбениот сектор во државава и во странство, лабораториите за контрола на безбедност и квалитет на храната, научноистражувачки лабoратории, во институциите од јавниот сектор (градинки, училишта, здравствени установи), Агенција за храна и ветеринарство и други соодветни институции, каде што дипломираните кадри се реализираа како успешни вработени. Многу студенти по дипломирањето започнуваат сопствен бизнис во сферата на производство на храна и се успешни и препознаени како солидни професионалци.
За редовните студенти во академската 2023/2024 година, Технолошко-технички факултет Велес, како и претходните години, ќе обезбеди стимулации и поволности за студирање, со што привлечноста за овие студии добива дополнителна вредност.
(Комерцијална објава)