X
 11.05.2017 Образование

Воспитната мерка од родителот за својот непослушен тинејџер

Средношколец од Тексас ја доби најсрамната воспитна мерка - неговиот татко да седи до него за време на час.

татко
Фото: Twitter

Кога за првпат започнуваме на училиште, обично плачиме затоа што нашите родители нè оставаат во собата полна со нови форми, бои и личности.

Но 17 годишниот Бред Хауард често пати бил опоменуван затоа што бил немирен на часот по физика, така што добил доста интересна (и засрамувачка) воспитна мерка од неговиот наставник - неговиот татко седел до него за време на часот.

„Постојано зборувам на часот по физика, така што мојот професор му испрати мејлови на татко ми во врска со моето зборување“.

Поради тоа, таткото на Бред му рекол дека ако уште еднаш добие мејл од професорот, ќе оди на училиште и ќе седи до него за време на часот.

„Не го ни забележав - се поздравував со пријателите, кога видов дека седи во училницата“, вели Бред.

Таткото на Бред се надева дека ова е прв и последен пат да седи до него на час.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование