X
 11.09.2018 Образование

УКЛО – домаќин на натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права

VII FUTURA регионалниот натпревар Moot Court за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на CIVIL RIGHTS DEFENDERS ќе се одржи во Битола, од 12 до 14 октомври 2018 година.

На овој значаен натпревар учество ќе земат осум екипи од правни факултети од регионот, меѓу кои и од градот домаќин – Битола, студенти од Правниот факултет од УКЛО, под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.

2

УКЛО претставуван од Правниот факултет како единица во негов состав дава силна поддршка за овој вид натпревари, кои се оценува дека претставуваат добра можност студентите да се запознаат со Европската конвенција за заштита на човековите права и нејзините протоколи, механизмот за нивна заштита, како и начинот на работата на Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Покрај тоа, тие имаат можност да се јават во улога на апликант или респондент, и преку усно излагање да ги изложат и да ги бранат правните аргументи што им одат во прилог.

2

Инаку, во рамките на Правниот факултет активно работи  Клубот Titus Flavius Orestes. Студентите активисти редовно се натпреваруваат и учествуваат и во други форми на размена на практични искуства, што претставува можност да се стекнат со нови искуства и знаење и, секако, да запознаваат колеги, да развиваат пријателства. Клубот Titus Flavius Orestes постои од 2017 година кога првата генерација од шест студенти учествуваше на натпреварот VI FUTURA moot court. Целта за формирањето на ваков клуб е на студентите да им се овозможи учество на регионални и меѓународни moot court натпревари од областа на човековите права, Европската конвенција за човековите права и Европскиот суд за човекови права.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование