Да се биде родител е многу важна улога. Сепак денешните родители со начинот на кој ги воспитуваат децата ги прават неспособни и зависни од другите.
Како да знаете дали премногу ги разгалувате Вашите деца? Ова зависи и од зрелоста на детето и средината во која се живее, но постојат работи кои тоа треба да ги научи додека да наполни 13 години. Како родител задача Ви е да го научите да стане независно, а за работите што ќе ги прочитате понатаму, добро размислете како да го научите да ги практикува.
Будење наутро – да се стане на време е основна одговорност. Ако практикувате да го будите Вашето дете, време е само да почне да станува со помош на аларм. Во спротивно секогаш ќе да бараат на кого да се потпрат.
Правење појадок и пакување на ручек за нив – иако сте родител не треба да бидете роб на кујната. Доволно е да се погрижите да има намирници во фрижидерот, а за Вашето дете треба да се стремите да го учите како само да си подготвува појадок и да си пакува ручек за на училиште. Можеби е потребно време, но верувајте, ќе се исплати.
Потполнување на формулари – многу родители сметаат дека децата не се способни да ги потполнат формуларите во училиште. Но, ако е така, како тие ќе знаат да го прават тоа во подоцнежните години, на факултет и на работа? За почеток е доволно да научат што се тие, и како да се справат со нив, а потоа и целосно да ги потполнуваат.
Трчање по нив со заборавени предмети – ако Вашето дете заборава предмети, треба да научи да биде повнимателно кога ќе излегува следниот пат. Ако редовно трчате по нив, секогаш ќе се потпираат на Вас и нема да научат да бидат одговорни за предметите кои ги поседуваат.
Перење на сите нивни алишта – Можеби Вашето дете не може во целост да го изврши процесот на перење алишта, но барем може да учествува. На овој начин ќе научи дека и Вие вложувате голем напор во домашните работи, а ќе научи и да биде одговорно за своите предмети.
Јавување на нивните учители и тренери – ако разговорот со нив треба да го обавите Вие, тогаш е во ред, но во други случаи не треба да застанете на патот меѓу Вашето дете и нивните учители и тренери. Тоа треба да научи да ги почитува авторитетите, да комуницира со нив и да ги следи.
Мешање во училишните обврски – не треба да ја пишувате домашната задача наместо него и не треба да ги правите нивните проекти. Вие веќе сте добиле оцени кога сте биле дете, сега е ред на него да биде оценето. Разговарајте за нив но оставете простор да си ја преземат одговорноста во свои раце. Секако, понекогаш може да им помогнете, но не и да ги
направите работите за нив.