Имаме прашање во врска со нашето дете, а се однесува на неговата отвореност за комуникација со други деца. Нашата ќерка има 2 години и 8 месеци и нема брат/сестра. До 9 месеци ја чуваше нејзината мајка, а потоа чувањето го презеде баба, и секако ние како родители во попладневните часови и викендите. Тргна во градинка на 2 години и 2 месеци, одеше 6 месеци со прекини (поради настинки и вируси), но релативно брзо се навикна. Во периодот додека одеше во градинка кога ќе си дојдеше дома, беше малку понервозна, за разлика од периодите кога не одеше во градинка, но сепак не многу нагласено, туку повеќе како бунт. Она што сме го забележале во нејзиното однесување е дека кога ќе одиме во парк, во игротека, кога ќе имаме гости со деца, пред зграда, потешко се впушта во игра со дечиња. Поточно, многу е внимателна, си ги чува играчките, ги набљудува децата, како да е резервирана и не се впушта опуштено во комуникација со други деца.
Ова е дел од прашањето на татко, упатено до психолозите и психотерапевтите, соработници на
Деца.мк.
Целосното прашање и одговорот на Христина Стефановска прочитајте ги на овој
ЛИНК.