Дали сте вие од родителите кои бараат баланс помеѓу времето посветено на детето и времето посветено на себеси?
Можно е да почувствувате сериозна вина ако не успеете да најдете доволно време кое ќе го поминете со вашето дете играјќи се, помагајќи му околу домашната задача или пак, слушајќи ги неговите грижи.
И покрај тоа што заедничкото време е многу важно за правилниот развој на детето, истата важност ја има и самостојноста на детето. За него е добро што побрзо да научи да си игра само. Ова се неколку предности од самостојната игра:
Се поттикнува имагинацијата и креативноста
Детето ќе биде покреативно кога нема возрасните постојано да го насочуваат и да му кажуваат што треба да прави. Може едноставно да се опушти со играта и да се упати онаму каде што го води имагинацијата.
Се обезбедува мирно време за детето
Електронските уреди не му дозволуваат на детето да поминува време во мир тишина. Самостојната игра како цртање на пример, може да му обезбеди мир, а некогаш и да биде медитација за него за да се опушти во текот на денот.
Детето стекнува упорност и вештина за решавање проблеми
Ако нема возрасни за да му помогнат, детето може да експериментира со решавањето на проблемите на свој начин. Исто така, поголеми се шансите на тој начин да продолжи да се обидува да решава проблем се додека не дојде до решение.
Се учи на трпеливост и издржливост
Важно е детето да научи дека родителите не можат секогаш да бидат тука кога ќе му затребаат. Ако знае да игра самостојни, ќе научи да биде стрпливо и ќе изгради самодоверба заради која некогаш и самото ќе си ги завршува работите.
Развива когнитивни вештини
Овде станува збор за извршни функции. Оваа способност помага во само-регулација, што значи дека детето ќе мое да ги контролира своите емоции и однесување, да се спротивстави на импулсот и да покаже самоконтрола и дисциплина. Ова се важни работи за здрав, безбеден и успешен живот.
Дополнителен совет за родителите:
- Потрудете се да му објасните на детето зошто е добро да игра само и како тоа не претставува никаква казна. За почеток можете да одредите и некое време кое само ќе го помине во игра и тоа во зависност од возраста
- Наместете го часовникот и покажете му на дететокога е време да престане да игра и да дојде кај вас, за да ви покаже што нацртало или направило
- Поставете јасни граници. Објаснете му на детето со што може да игра, а што не смее да допира
- Кога ќе пројде времето на самостојно играње, обидете се да му посветите максимално внимание и покажете интересирање за неговата самостојна работа