X
 21.05.2017 Технологија

Досега неслушнати звуци создадени со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција креира звуци кои до сега не биле слушнати, благодарение на некои напредни математички комбинации со примероци од вистински инструменти.


Експертите сметаат дека музичарите ќе имаат можност да добијат нови компјутерски генерирани инструменти кои ќе им донесат речиси безбројни можности. Новиот систем е наречен „NSynth“, а го развиле тимот на „Google Magenta“, мал дел од одделот за вештачка интелигенција во „Google“.

NSynth“ зема примероци од околу илјада различни инструменти и ги комбинира заедно, но на високо софистициран начин. Првично, програмата ги идентификува карактеристиките на секој инструмент за тие да можат да бидат репродуцирани. Тие информации потоа се користат во производство на комбинација од инструменти кои звучат како сосема нов, индивидуален инструмент, а не како голема група на инструменти.

Сите демо снимки на „NSynth“ функционираат во реално време, дозволувајќи нови композиции да бидат креирани. Повеќе за работата на тимот можете да прочитате овде.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија