„Ламборгини“ и „Техникс“ го претставија резултатот од нивната соработка: грамофонот „СЛ-1200M7Б“, специјално издание со дополнителен шмек на суперавтомобил од италијанскиот бренд.
Со овој производ се слават 60 години од постоењето на двете компании, како и заедничките вредности и нивната мисија - напредни технолошки решенија, уникатни идеи за незаборавни кориснички искуства, производствени процеси без компромиси и што е најважно - посветеност на создавање емотивни звуци кои „допираат до срцето на ентузијастот“.
„Ламборгини“ и „Техникс“ ќе ја крунисаат својата соработка со нов грамофон со препознатливи визуелни елементи од автомобилите „ламборгини“, а ќе биде достапен во три светли бои – портокалова, жолта и зелена, исто така, карактеристични за суперавтомобилите. Плочата е достапна во ограничени количини по цена од 1.599 долари.
„Сл-1200M7Б“ доаѓа со оригинална винилна плоча која ги содржи звуците на моќниот В12 мотор, кои може да се слушнат додека возите шест различни суперавтомобили „ламборгини“. Дизајнот е инспириран од тркалата на новиот модел „ламборгини ревуелто“. Покрај слушањето на звуците на моторот В12, можете да уживате и во визуелниот ефект на тркалата кои се вртат на вашиот грамофон - ова е описот на овој уникатен производ.
Извор: autonet.bug.hr
Фото: YouTube screenshot