Не е тајна дека музиката и движењето може да ви помогнат да се поврзете со телото. Но едно видео покажува колку е моќна оваа врска.
На видеото е прикажана Марта Ц. Гонзалез, примабалерина која играла во балетот на Њујорк во 60-тите години, а почина во 2019 година по боледување од Алцхајмерова болест.
Таа ја слуша мелодијата на „Лебедово езеро“ и ја игра кореографијата од балетот.
И покрај ефектите на Алцхајмеровата болест, може да се види дека Гонзалез веднаш емоционално и физички се поврзала со музиката на која некогаш играла на сцената. Видеото било објавено од „Асосијасјон музика пара деспертар“, шпанска организација која работи со пациенти со Алцхајмерова болест и деменција.
Автор: Ариел Чинкел
Извор:
shape.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube