Силициумската долина е ултра-натпреварувачка средина од која доаѓаат највозбудливите технолошки напредоци на модерното време. Директорите се разбира, се под под постојан притисок и притоа се ориентирани кон иновации и оригиналност.
Фото извор: Getty Images/Wikipedia
Сепак, за да го ублажат стресот тие се потпираат на филозофија. Некои филозофи наоѓаат вработување во Силициумската долина, и тоа како предавачи на „практична филозофија“ која се користи во бизнисот и секојдневниот живо. Се работи за учење за тоа како да се користи разумот и логиката за да се откријат илузиите во животот и работата.
Андерју Тагарт, еден од овие вработени, вели дека филозофијата настапува на сцена во моментот кога ѓубрето во нашите животи не може повеќе да се толерира, а денес во светот на бизнисот има многу ѓубре. Тој исто така предупредува од опасноста да се биде целосно продуктивен и да се помине сето време во работа. Тој вели дека комплетната посветеност на работата му дозволува на пазарот да контролира премногу аспекти од нашите животи и верува дека филозофијата доведува до урамнотежување.
Рајан Холидеј, поборник на стоицизмот, е уште еден филозоф кој работи во Силициумската долина. Стоицизмот е учење според кое ограничувањето на негативните емоции и самоконтролата се неопходни за да се најде вистинската цел во животот.
Петер Тиел, основачот на Paypal за важноста на филозофијата во „размислувањето за себе“ вели дека многу е лесно да се слуша некој друг и да се сфати нешто по кратка постапка, но размислувањето за себе е неопходно во Силициумската долина.
Меѓу звучните имиња кои се едуцирале или се едуцираат со
филозофија е и основачот на Фесбук, Марк Цукерберг.