X
 25.05.2017 Живот

Што не треба да прават туристите?

Насекаде туристите имаат лоша репутација. Возбудата и откривањето на непознатото доаѓаат со самото тоа што туристот се наоѓа на ново место, па тоа често ги тера да направат некои работи за кои локалните жители не ни сонувале.


Ова се неколку совети за тоа како да не се однесува туристот, а советите произлегуваат од корисниците на „Reddit“.

1. Ако сте во национален парк, избегнувајте ги тоалетите

Корисник на „Redit“ истакнал дека кога работел во национален парк, за него и неговите колеги најголем предизвик било да ги натераат Кинеските туристи да не стојат на врвот на тоалетните седишта. Исто така, корисниците на мрежата советуваат туристите да не крадат ништо од парковите.

 2. Стојте настрана од велосипедската линија во Амстердам

 Имате слобода да користите марихуана и да ја посетите „Црвената улица“, но ако одите по велосипедската линија, можете да бидете казнети.

3. Бидете внимателни во метроата насекаде

4. Почитувајте го дивиот свет

Туристите обично сакаат да ги хранат животните или пак да употребуваат фотоапарати каде што не е препорачливо. Се советува туристите да ги земат предвид правилата особено по национални паркови, каде што има диви животни.

 5. Не дозволувајте да ве залажуваат

 Не давајте пари на секој оној кој ви раскажува тажна приказна, бидејќи најчесто се работи за измамници кои ја користата истата стратегија секој ден за да во земат пари.

6. Продолжете да се движите

 Едноставно не го пролонгирајте движењето, односно не правете локалните жители да губат дел од своето скапоцено време чекајќи ве вас.

7. Кога сте во Лондон

Кога сте во посета на овој град, купувањето на кадифени играчки од продавницата на „M&M“ на никаков начин не го претставува вашето искуство од градот.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот