X
 04.07.2016 Култура

Туристички замки кои треба да ги избегнувате

За една дестинација да се квалификува како туристичка замка, мора да е или премногу скапа или полна со туристи. И ако е толку лошо, голем број од туристите ќе заминат прашувајќи се: „Зошто дојдов тука?“

 

патување


Најлошиот дел кај туристичките замки е тоа што туристите губат време и пари - често луѓето си заминуваат од одредена познато туристичко место, мислејќи си зошто воопшто изгуби време на ова место.

Но реалноста е дека повеќето од нас ја направиле оваа грешка и тоа многу пати. Ако сакате повеќе да не правите вакви грешки и да избегнете лоши ситуации, тогаш треба да ги избегнете следните неколку места.

Холивудскиот булевар на славните, Лос Анџелес

 

1


Тешко дека ќе пронајдете место кое повеќе комерцијализирано и туристичко од Холивуд. И ова е особено вистина за Булеварот на славните во Лос Анџелес, Калифорнија. Тука ќе најдете дел од патот посветен на ѕвездите, со сите возможни замки. Освен зјапањето во тротоарот, постојат мал број активности кои не бараат трошење на пари. Се разбира, секогаш можете да ја направите „најтуристичката работа“, а тоа е фотографија со „ѕвездата“ на вашата омилена славна личност.

Ајфеловата кула во Париз

 

2


Посетата на Париз е неверојатно искуство меѓутоа дали навистина е толку неверојатна Ајфеловата кула? Од далечина можеби, меѓутоа одблизу и во самата кула, нема ништо спектакуларно.

Можете да се одлучите за други големи атракции во Париз, и се'уште да ја гледате Ајфеловата кула од далечина - нема да потрошите пари и нема да поминете часови стоејќи во долгата редица од туристи.

„Navy Pier“, Чикаго

 

3


Ова место е одличен начин на залудно трошење на попладнето и вашите пари. Оние кои сакаат да потрошат 100 долари или повеќе во еден ден, тогаш нека го посетат ова место.

Одморалиштето Атлантис, Бахамите

 

4


Одморалиштето на Бахамите се смета за најдобро во областа, но во  реалност е прескапо и преполно со туристи.

Ќе платите многу пари, а постојат и скриени трошоци кои ќе направат дупка во вашиот џеб.

Кривата кула во Пиза

 

5

 

Не верувајте во она што другите ви го кажуваат. Не постои буквално ништо што можете да правите на ова место, освен да направите неколку селфи. Зјапате во кулата, ручате или пиете кафе и тоа е се'.

Постојат многу други места кои можете да ги видете во околните села на Тоскана.

Лас Вегас

 

6


Дури и ако уживате во посетата на Лас Вегас, сепак не може да се одрече дека не е голема туристичка замка.

Со различните можности кои ви ги нуди градот, плус можноста за коцкање, вашите пари во Лас Вегас нема да потраат ниту два дена.

Дизниленд (во било кој град)

 

7


Од прескапите атракции и храна, лесно е да се оцени Дизниленд како една од најголемите туристички замки во светот.

Еден ден поминат во Магичното кралство во Орландо чини 515 долари за семејство со четири членови.

„Blarney stone“ во Ирска

 

8


Познатиот патувачки гуру Рик Стивс го смета ова место како главна туристичка замка во Европа, и тоа со добра причина.

Во суштина, ова туристичко патување е од најлош вид - кога местото изгледа толку ветувачко, а всушност е залудно трошење на времето.

После целодневно искачување до местото, единствено што ќе видете е камен со плунка и кармин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура