X
 24.08.2022 Живот

Четири грчки острови на кои летово има најмногу туристи

Јужноегејските острови ги надминаa и најоптимистичните прогнози кога станува збор за туристите во Грција оваа година. Од почетокот на туристичката сезона се зголеми бројот на странски туристи на островите Додеканези и Киклади, надминувајќи ги цифрите од рекордната 2019 година.

Според официјалните податоци од аеродромскиот оператор „Фрапорт“, сите четири меѓународни аеродроми во јужниот дел од Егејското Mоре - Родос, Кос, Миконос и Санторини - бележат раст на бројот на странски туристи.

Родос имал 173.205 туристи во првите месеци од сезоната, што е 18 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. За 13 отсто повеќе туристи има на Кос.


Фото: Pixabay

Миконос имал 49.713 туристи од странство, односно 37 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Санторини забележал зголемување од 62 отсто во првата половина на јули со 58.071 посетител.

Се зголемил и бројот на летови од странство на аеродромите на овие острови. Родос прима по 106 авиони дневно, Кос 54, Миконос 35 и Санторини 40 авиони.

На островите има најмногу туристи од Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Франција, Полска и други европски земји.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот