X
 23.07.2017 Живот

Гурмански речник: „Kummerspeck“ - Јадење поради раскинување на љубовна врска

Некој би рекол дека љубовта е универзалниот јазик, но голема е веројатноста луѓето најдобро да се разбираат преку храната и пијалакот.

Сепак, на различните краишта низ светот постојат различни обичаи кога станува збор за храната, а обично се поддржани со термини кои не можат да се преведат на други јазици.

Ова е мал речник на ваквите изрази.

„Kalasirkannit“, Финска - Пиење на омилениот пијалак додека сте сами дома во долна облека.

„Shemomechama“, Грузија - Кога продолжувате да јадете иако сте сити.

„Natmad“, Данска - Храната која традиционално се сервира на крајот од забавата, пред гостите да си одат дома.

„Kummerspeck“, Германија
- Јадење поради раскинување на љубовна врска и дебелеење од тоа јадење.

„Utepils“, Норвешка - Уживање во пијалак под ведро небо.

„Sobremesa“, Шпанија - Седење на маса и разговор со пријателите, долго откако ќе се изеде вечерата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот