Во 2019 година очекуваната должина на работниот век на популацијата на Европската Унија на возраст од над 15 години изнесувала 35,9 години. Тоа е 0,2 години подолго од просекот во 2018 година и 3,6 години подолго од просекот во 2000 година. Ова го покажуваат податоците објавени од „Евростат“, статистичка служба на ЕУ.
Работниот век на машката популација во ЕУ минатата година изнесувал 38,3 години, а на женската 33,4 години.
Просечната должина на
работниот век меѓу земјите-членки на ЕУ се движи од 32 години во Италија до 42 години во Шведска. Во анализата се наведува дека овој опсег е уште поголем во Европа меѓу земјите што не се членки на ЕУ и дека се движи од 29,3 години во Турција до 45,8 години во Исланд.
Меѓу членките на ЕУ, Шведска и Холандија минатата година имале најдолг работен век (42 и 41 година), а потоа следуваат Данска (40), Германија (39,1) и Естонија (39 години).
Од друга страна, најкраток работен век има Италија (32 години), Хрватска (32,5 години), Грција (33,2 години), Белгија и Полска (33,6 години).
Најголем пораст на работниот век во споредба со 2000 година е забележан во Малта, за 7,6 години, а потоа Унгарија (6,9 години) и Естонија (5,6 години), а најмал во Данска (1,7 година) и Грција (1,8 година). Единствено во Романија е регистрирано намалување на работниот век за 2,2 години.
Целата анализа на „Евростат“ можете да ја погледнете
ТУКА.
Фото: Pixabay