X
 28.10.2025 Живот

Швајцарски град нуди 70.000 евра за доселеници, но има скриен услов

Ако барате промена на средината и сакате да уживате во зеленилото на швајцарската природа, постои можност да се преселите во живописното гратче Албинен и за тоа да добиете 70.000 евра. Јутјуб-каналот „Yes Theory“ се обиде да одговори на прашањето што сите го имаме на ум: Во што е финтата и кој е скриениот услов?

Во видеото ги следиме Томас Брага и Стефан Тејлор на нивното патување во швајцарскиот град Албинен. Со нив е и Шон, познат како „Мистер Вилденфри“.

Тројцата патници веднаш забележале дека Албинен е прекрасен, но и осамен град. Во разговор со еден локален жител дознале дека програмата за финансиска поддршка за нови жители сè уште е активна.

Албинен е идилично, но изолирано место. Иако општината примила повеќе од 10.000 пријави, преселбата не е едноставна. Не станува збор за измама, но за да се добие субвенцијата од 70.000 евра, потребно е да се инвестираат најмалку 200.000 евра во градот.

Многу од дрвените колиби во Албинен потекнуваат од 17 и 18 век, а самиот град е заштитен споменик на Швајцарија. До 60-тите години таму немало патишта, а во зима често бил отсечен поради снегот. Земјоделството била главната причина за населување, но поради неговиот пад, многу жители се преселиле.

Во 2017 година градскиот совет донел одлука за создавање програма за привлекување млади жители под 45 години.

 

Условите се следни:

- Да се изгради или реновира куќа со вредност од најмалку 200.000 евра;
- Да се останe најмалку 10 години во градот;
- Да се има постојано живеалиште или дозвола за постојан престој.

Животот во Албинен бара приспособување на руралниот начин на живот бидејќи нема училишта, банки, постои само еден автобус на еден час и еден бар со продавница.

Жителите на Албинен неодамна ги сретнале познатите јутјубери, кои потврдиле дека општината ја обновила програмата. Градот со само 262 жители се надева дека со вниманието што го добива на социјалните мрежи ќе привлече нови пријави и свеж живот во ова мало алпско гратче.

Извор: Euronews.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот