„Не глeдајте никакво продолжение од "Alien"“ е еден од наjверодостојниот совет кој би можеле да го добијат филмаџиите, меѓутоа „Covenant“ е прилично добар, а и рецензиите за него го кажуваат истото. Кои други филмски возбудувања нè очекуваат претстојниот период и што треба да погледнете.
„Murder on the Orient Express“
Филмската адаптација за истоимената книга „Убиство во Ориент Експрес“ од кралицата на крими романите - Агата Кристи, во режија на Кенет Брана кој истовремено го глуми и легендарниот детектив Херкул Поаро.
„Oats Studios, Volume 1“
Режисерот на „District 9“, Нил Блумкамп се враќа со морничави нови вонземјани и доста интересен проект. Тој заедно со „Oats Studio“ ќе произведе серија на „експериментални“ кратки филмови.
„La Traviata“
Софија Копола неодамна, на Канскиот филмски фестивал ја доби наградата за најдобар режисер за „The Beguiled“, но таа има уште еден проект кој ќе добие премиера ова лето: „La Traviata“, опера која таа ја режираше минатата година.
„The mountain between us“
Иако изгледа малку клише, сепак, во филмот се појавуваат извонредната Кејт Винслет и Идрис Елба сами на планина, обидувајќи се да преживеат.
„The Putin Interviews“
Оливер Стоун, режисерот на „Snowden“, седна со Владимир Путин и разговараше за изборите во 2016, погледот на Русија кон Америка и Трамп. Фасцинантно интервју.
„Logan Lucky“
Никој не веруваше дека Стивен Содерберг ќе се пензионира од филмската индустрија. И така и беше. „Logan Lucky“ е филм каков што само Содерберг може да донесе: непристоен, сериозен, чуден, нормален и одличен.
„Room 104“
Ова е најновиот проект на Дуплас браќата кој нуди луд поглед на многуте работи кои се случуваат во една мотелска соба.
„The Last Tycoon“
Последниот роман на сопругот на Зелда Фицџералд, Скот Фицџералд, „The Last Tycoon“.
„The Deuce“
Наместо опис, ќе ве оставиме со цитат од креаторот на „The Deuce“, Дејвид Сајмон: „После 18 години во „НВО“, мислам дека конечно
создадов нешто што мајка ми не може да го гледа“.