X
 19.06.2016 Култура

Најдобрите филмови на Мартин Скорсезе

Мартин Скорсезе е еден од најпопуларните и најценети режисери на денешницата. Тој создал култни филмови и ликови кои се' уште живеат со нас. „Moviefone“ не' потсетува на некои негови класици кои секогаш може да ги гледаме повторно и повторно.


„Mean Streets“ (1973)

Во 1973 година, кога го направил филмот, Скорсезе имал 31 година. Во него има се' што се поврзува со Скорсезе - комплициран антихерој, италијанска криминална драма, долги сцени и незаборавната песна на „Rolling stone“.



„Taxi Driver“ (1976)

Доколку на светот му е потребен само еден филм од Скорсезе во случај на апокалипса, тоа би бил овој филм. Оној Њујорк во 70-те години реално претставен во „Taxi driver“ дури и денес е интересен за гледање.



„Raging Bull“ (1980)

Криминал, Њујорк, италијанско-американска култура и Роберт де Ниро во 1980-те години. Овој филм ни покажа дека Скорсезе ужива во режирањето реалистични приказни со уникатни ликови.



„The Departed“ (2006)

Овој филм вклучува се' што прави Скорсезе да биде одличен. Со главната улога на Леонардо ди Каприо и оскар за најдобар режисер во 2007, ова е задолжителен филм за гледање.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура