Во период од 300 години, Јамамото Цунетомо ги диктирал цитатите и мудростите од кои подоцна настанала книгата Хагакуре: Книгата на Самурајот. Книгата е опишана како „прозорец до умот на самураите, осветлување на концептот на Бушидо (Патот на воионот) кој диктира како се очекува од самураите да се однесуваат, живеат и умрат.
Додека Хагакуре долги години беше таен текст познат само на војничките вазали на кланот Набешима на кои припаѓал и самиот автор, подоцна бил признат како класика на самурјаската мисла.
Еден неверојатен аспект од оваа книга е времето во кое таа била пишувана: пред западното влијание врз Јапонија. Во време на Цунетомо Бушидо беше кодот поврзан со концептот на Зен на „муга“ или „смртта на егото“. Но како што поминуваше времето самурајскиот начин на живот се' помалку и помалку бил мистерија, па така биле создадени различни толкувања на Бушидо од луѓето. Старо колку и знаењето, концептот на Бушидо е безвременско.
„Животот не е толку важен кога човек е принуден да избира помеѓу животот и интегиретот“.
„Ако некој е премногу строг, неговите подредени ќе станат неверодостојни. Ако тој премногу им верува неговите подредени ќе станат непослушни“.
„Кога една личност ќе достигне просветлување во една работа, тој ќе има просветлен ум и ќе сфати многу работи“.
„Јас ќе ви го дадам одговорот на прашањето: „Што е најважно за срцето на еден воин?“ Одговорот е: „Желбата да си ја постигне целта“.
„Еден воин е безвреден ако тој не се издигнува над другите и не стои силно во средината на бурата“.
„Ако се најдете неподготвени од ненадејна бура, не треба будалесто да трчате по пат или а се криете под покривите на куќите. Ќе се наводените во секој случај. Прифатете го тоа уште од почетокот и одете по вашиот пат. На тој начин нема да бидете потресени од малку дожд. Применете ја оваа лекција за се'“.
„Ќе знаете кои се вашите вистински пријатели кога ќе се разболите или кога ќе сте потресени. Ако оној кој го сметате за пријател одржува растојание од вас во овие тешки времиња, тогаш тој треба да се смета за кукавица“.
„Тајната за среќен брак е ова: однесувајте се со вашата сопруга како што сте се однесувале кога за прв пат сте ја сретнале и никогаш нема да постои простор за раздор“.
„За да најдете слуга со лојално срце не треба да гледате подалеку од куќата на воин кој е верен на неговите родители. Воинот треба да остане посветен на своите родители од длабочините на неговата душа; во спротивно после нивната смрт тој ќе се кае за она што требало да го направи“.
„Мудроста доаѓа од обрнувањето внимание на мудрите луѓе. Љубовта доаѓа од залагањето за доброто на другите и поставувањето на другите пред себеси. Храброста се развива со одлучноста да паднете пред било која пречка без оглед на околностите„.
„Секако не постои ништо поважно во животот од она што го правиме сега. Целиот живот на човекот се состои од еден момент врз друг момент. Откако ќе го знае ова, воинот нема за што да се грижи бидејќи сфаќа дека тој треба да живее само за сегашниот момент со најголем интензитет“.
„Животот на човекот не е само пареа што се губи во еден момент. Човек треба да го помине животот правејќи го она во кое ужива. Со оглед на тоа што животот е краток, глупаво е да го поминете правејќи го она што го мразите“.
„Ако го чувате мечот напред никој нема да се осуди да ви пријде и нема да имате сојузници. Но ако никогаш не го извлечете, ќе за'рѓа и луѓето ќе претпостават дека сте слаби“.
„Како што времето поминува и луѓето стареат, поставете го вашето темпо за да можете да ги фатите оние пред вас и започнете да живеете здраво. На тој начин ќе ги исполните вашите соништа за долго слугување на вашиот господар. Кога секој ќе се истакне во она со кое се издвојува од другите, полесно е да се достигне големина“.
„Секое утро воинот треба да се посветува себеси до смрт. Во утринската медитација, замислете како ве убиваат на различни начини - со куршуми, мечови и копја, од бранови, пожари, громови, земјотреси. Постар воин еднаш рекол: „Откако ќе излезете од предната врата вие сте опколени со смрт. Откако ќе ја напуштите вратата вие сте опколени со непријатели“. Оваа поговорка не е парабола, туку начин за да се подготвите за вашата судбина“.