Научниците откриле неверојатен вид на животно во Мијанмар, кое ни дава увид во животот пред 100 милиони години. Се работи за остаток од птица од античкиот период.
фото извор: Xing Lida
Може да се забележи главата, опашката и вратот на птицата, а зачувани се и нејзините крилја и нозе, односно и пердувите и канџите. Ова е примерок од праисториски птици кои се нарекуваат „opposite birds“. Тимот на истражувачи се сомнева дека малата птица паднала во место полно со зимзелени растенија и била заробена во течност слична на катран. Научниците не се комплетно сигурни како е можно
птицата да биде толку „сочувана“. Познато е дека во ваков случај, птиците се трансформираат во полуфосилна супстанца наречена копал. Сепак, состојбата и брзината на процесот зависи исклучиво од условите.
Иако е во одлична состојба, сепак месото од птицата е распаднато, па нејзиното ДНК не ќе може да се испитува. Со сигурност може само да се потврди дека се работи за „Enantiornithes“ – група на праисториски
птици, кои постоеле во времето на диносаурусите.
Еве како всушност изгледала птицата во времето на своето постоење.
фото извор: Cheung Chung Tat