X
 21.08.2020 Наука

Русите попуштија: Вакцината против коронавирусот ќе се тестира на 40.000 луѓе

Русија во четвртокот објави дека ќе почне масовно тестирање на првата потенцијална вакцина против Ковид-19, која доби одобрение од руските власти. Во тестирањето ќе учествуваат 40.000 луѓе.

Кирил Дмитриев, извршен директор Фондот за директни инвестиции, вели дека тестирањето ќе се одвива во неколку држави.

- Ќе има клинички испитувања не само во Русија, туку и во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Филипините, а веројатно и во Бразил или Индија - вели Дмитриев.

Експертите се скептични за тоа колку брзо беше регистрирана вакцината „Спутник V“ против Ковид-19, особено затоа што малку детали за истражувањето се објавени.

Дмитриев во четвртокот рече дека Русија ќе се обиде да одговори на критиките на Западот поради недостиг на информации за вакцината-кандидат објавувајќи детален научен труд во научно списание овој месец, но одби да каже каде ќе биде објавено истражувањето.  

Директорот на московскиот институт „Гамалеја“, кој ја разви вакцината, рече дека 40.000 луѓе ќе бидат вклучени во масовното тестирање во повеќе од 45 медицински центри низ цела Русија.

Дмитриев вели дека Русија е отворена за меѓународна соработка. Тој верува дека ќе се појават други вакцини.

- Колку повеќе вакцини ќе добиеме, толку подобро - вели тој.

Засега има 30 кандидати-вакцини за клиничка процена низ целиот свет, според информациите на Светската здравствена организација.

Извор: Edition.cnn.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука