Филозофот Ник Бостром од Оксфорд, кој пред 15 години истакна дека би можеле да живееме во компјутерска симулација, има уште една невообичаена теорија, овој пат за иднината на човештвото и неговата теорија не е баш оптимистична.
Бостром неодамна сподели некои ставови од неговиот последен труд „Хипотезите на ранливиот свет“. Во делото тој наведува дека масовното владино набљудување ќе биде неопходно за да се спречи технологијата, која е наша креација, да го уништи човештвото - радикално дистописка идеја од еден од најистакнатите филозофи на оваа генерација.
Бостром го опишува својот аргумент со гигантска вазна полна со топки. Секоја топка е различна идеја или можна технологија и тие имаат различни бои: бела (корисна), сива (средно штетна) или црна (уништувачка за цивилизацијата).
Според моделот на Бостром, човештвото постојано вади топки од оваа вазна и, за среќа, сѐ уште никој не извлекол црна топка. Тука е ставен голем акцент на „сѐ уште“.
- Ако научното и технолошко истражување продолжи, на крајот ќе ја извлечеме - наведува Бостром.
За да се спречи тоа, тој вели дека ни е потребно поефикасно глобално владеење - некое кое ќе може брзо да ја изгони секоја технологија што има потенцијал да го уништи човештвото. Тој сугерира и дека треба да го поддржиме масовното владино набљудување, опремувајќи го секое лице со „тагови за слобода“ во форма на синџирчиња, кои би можеле да слушнат и да видат што се прави во секој момент. Вештачка интелигенција би ги следела податоците и би ги информирала „слободарските полицајци“ доколку се детектираат знаци за црна топка.
Веќе имаме видено случаи кога луѓето ги злоупотребуваат системите за масовно набљудување и тие системи се многу помалку опсежни од оној што го предлага Бостром.
Сепак, ако станува збор за избирање меѓу тоа некој да го следи секој наш чекор или да го дочекаме крајот на цивилизацијата, Бостром изгледа мисли дека првото е подобра опција од
второто.