Верувале или не, има ајкули што развиле „нозе“ со кои може да се движат по земја. Ова е еволуција која се случува пред нашите очи. Истражувачи од Австралија и Флорида го опишале откритието во ново истражување.
Овие ајкули ги користат перките за да го подигнат телото и да се движат. Ова е фасцинантно бидејќи нашите далечни предци ја направиле истата транзиција пред многу години. Според истражувачите, ајкулите веројатно може да издржат до два часа надвор од водата поради ниското ниво на кислород во регионот каде што живеат.
За да разберат зошто овие ајкули може да пливаат во вода и да се движат по земја, истражувачите анализирале млади ајкули од видот и забележале дека тие се движеле на ист начин по земја без разлика на возраста. Ова е чудно бидејќи бебињата ајкули имаат поголем стомак кој подоцна го губат, според истражувачите.
Идните истражувања на ајкулите може да помогнат во откривањето како малите животни се соочуваат со предатори, но и опасни околности предизвикани од климатските промени.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија:
Florida Atlantic University