X
 14.11.2017 Технологија

Реј Курцвајл: „Луѓето и машините ќе се соединат“

Јавната перцепција за вештачката интелигенција во 2017 година изгледа дека е некаде помеѓу егзистенцијален страв и внимателен оптимизам. Сепак, многумина веруваат дека вештачката интелигенција е круцијална за еволуцијата на нашиот вид.

Реј Курцвајл, гуру за вештачка интелигенција и футуризам во „Гугл“, ги споделил своите гледишта за иднината на човештвото кои можеби изгледаат радикални за јавноста. Според него, многу луѓе не знаат дека во светот во кој живееме има помалку глад и сиромаштија од кога и да е порано. Три милијарди луѓе имаат паметни телефони, а за неколку години бројката ќе се искачи на 6 милијарди.

Од завршувањето на Втората светска војна, човештвото намалува со ваквите исходи. Во моментов, човечкиот вид ужива во најмирниот период во историјата на нашата цивилизација. Егзистенцијалниот страв дека вештачката интелигенција на некој начин го компромитира развојот на луѓето е сè поголем. Ситуацијата е многу покомплексна, смета Курцвајл. Тој верува дека развојот на демократијата е директен резултат од напредокот што е постигнат во комуникациската технологија, односно нашата перцепција за тоа што се случува во светот е многу подобрена токму поради напреднатата технологија.

Што е следно? Тој смета дека сите ќе бидеме помалку биолошки бидејќи луѓето секогаш еволуираат, па следниот чекор за нашата еволуција ќе биде интерна имплементација на технологијата. Хибриди помеѓу луѓе и роботи. Тој вели дека медицински роботи ќе бидат вметнати во нашиот мозок за да го поврзат нашиот неокортекс со паметниот облак, до 2029 година. Сепак, кога се работи за технологијата, има низа предвидувања, што не значи дека сите ќе се остварат.

Според Курцвајл, иднината ќе биде неверојатна, но и гледиштето за сегашноста кај него е прилично фантастично. Денешните паметни телефони можат да одговорат на комплексни гласовни наредби, да препознаат кој зборува и да извршат наредба. Но, само пред неколку години повеќето од нас се откажуваа од гласовната контрола бидејќи е подобро да се почека додека технологијата не се подобри.

Вистината за вештачката интелигенција, според експерти како Реј Курцвајл, е дека нема дел од нашите животи што нема да биде директно погоден од неа. Како индивидуи веројатно нема да ги забележиме промените во реално време, но нашата зависност од машинско учење ќе ги зголеми експоненцијалните стапки.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија