X
 12.06.2017 Технологија

„Xbox One X“ - следната конзола за игри од „Microsoft“

икс бокс

После месеци шпекулации, „Microsoft“ ја открива кознолата за игри наречена „Project Scorpio“, а нејзиното официјално име е „Xbox One X“. Името доаѓа неколку дена откако компанијата го стави под заштитен знак мистериозното „S“ лого, и започна да испраќа знаци во неговите „Е3“ тизер видеа.

„Microsoft“ планира да го лансира „Xbox One X“ на 7 ноември ширум светот со цена од 450 евра. Сите постоечки функции на „Xbox One“ ќе работат на новата конзола, заедно со постоечкиот „Xbox 360“.

Новата конзола ќе има 6 терафлопови графичка моќ, повеќе од неговиот главен конкурент, „PS4 Pro“ со 4.2 терафлопови. „Microsoft“ користи сопствен „GPU“ мотор кој работи на 1172 MHz, многу голем пораст во однос на 853 MHz на „Xbox One“.

Претходно ветените 900p и 1080р „Xbox One“ игри ќе можат да се играат и на новата конзола.

Според „Microsoft“, станува збор за еден од најмалите „Xbox“ некогаш направени, а дизајнот изгледа многу слично со постоечкиот „Xbox One S“ модел.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија