Интернет гигантот „Yahoo“ и официјално престанува да постои. Новото име на компанијата ќе биде „Аltaba“, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесе оставка.
Одлуката за заминување на „Yahoo“ во историјата беше потврдена во извештајот на компанијата која таа го испрати до американските регулатори.
Во извештајот се наведуваат точните планови како ќе биде преземен „Yahoo“. Колку за потсетување, „
Yahoo“ беше продаден за 4.8 милијарди долари.
Новото име претставува одраз на трансформацијата на „Yahoo“ во холдинг компанија за вложување во кинескиот лидер во интернет трговија, „Alibaba“, и компанијата „Yahoo!Japan“ кои заедно вредат повеќе од 40 милијарди долари.
Исто така, се наведува дека досегашната извршна директорка на „Yahoo“, Марисја Мајер, ќе ја напушти функцијата.
Според Мариса, од компанијата ќе си одат уште неколку долгогодишни директори - ко-основачот Давид Фило и уште четири директори кои моментално се во управниот одбор.