Windows 10 можеби е првиот опреативен систем на Windows кој конечно ќе стави крај на лозинките.
Мајкрософт го објави Windows Hello во вторникот, нов биометриски безбедносен систем кој овозможува да се логирате на Windows 10 уреди, компјутери и телефони, користејќи ги вашите очи, отпечатоци од прсти или лице.
„Сакаме вашите уреди да ве препознаат, да разберат што зборувате. Сакаме да чувствувате доверба каде и да одите и што и да правите“, вели потпретседателот Џо Белфиор.
Windows 10 ќе го чува вашиот биометриски потпис локално, не на серверите на Microsoft или во „облакот“. Ова е така затоа што биометриската автентичност се користи за отклучување на уредот. Системот работи со постоечките сметки на Мајкрософт и за бизнис, со Аzure. И што е најважно, како што вели Мајкрософт, системот не може да се измами со фотографија или селфи.
Компанијата исто така го претстави и проектот наречен „Microsoft passport“, нова алатка за IT, која на програмерите ќе им овозможи да изграда Windows 10 проверка во нивните апликации, веб страни и услуги без лозинка. Системот ќе бара корисниците да потврдат дека го имаат уредот, или преку внесување на PIN или автентикација преку биометриска безбедност од „Windows Hello“.