Граничната полиција на Германија известила дека поради зголемени безбедносни барања за време на Самитот G-20 во Хамбург од 12 јуни до 11 јули оваа година, повторно воведува контрола на своите граници.
Фото: Travel The World
Ова значи дека оние граѓани кои патуваат во Германија или минуваат низ неа, без разлика што претходно ја поминале граничната контрола при влез во земјата која е прва потписничка на Шенгенскиот договор, на границата повторно ќе бидат контролирани.
Во врска со ова од граничната полиција информираат дека во наведениот период може да се очекува и подолго задржување на граничните премини на државата.
Министерството за надворешни работи на Германија соопштува дека патниците се должни да носат пасош или лична карта кога ја минуваат границата.
„Контролите се од привремена природа“, изјавил
германскиот министер за надворешни работи Томас де Маизере.