X
 09.09.2019 Технологија

Кина ќе го заузди користењето на технологијата за препознавање лица во училиштата

Кина планира да го заузди и да го регулира користењето на технологијата за препознавање лица во училиштата - изненадувачки потег во корист на приватноста за нација која е позната по инвазивното набљудување на своите граѓани.

- Треба да бидеме многу внимателни кога станува збор за личните информации на учениците. Не собирајте ги ако не е неопходно и обидувајте се да собирате што е можно помалку ако веќе морате - истакна Леј Чаоѕе, директор за наука и технологија при кинеското министерство за образование.

Одлуката на Кина за контрола на технологијата доаѓа по само неколку дена откако граѓаните се побунија против пилот-проектот на кинескиот фармацевтски универзитет, кој користел систем за препознавање лица за да ги следи присуството и однесувањето на студентите.

Проектот на овој универзитет создава грижи и за безбедноста на податоците и за личната приватност, смета Чаоѕе, кој истакнува дека министерството за образование почнало да посветува внимание на ова.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија