Претседателот на Конфедерацијата на фински индустрии (ЕК), Вели-Мати Матила, утврдил дека последните плати на вработените во таа земја се превисоки за околу 10-15%.
Фото: pixabay.com
Како што јавува финскиот весник Хелсингин Саномат, Матила, кој воедно е и шеф на управата на една голема фирма за телекомуникации, повикал на намалување на платите и воведување на нови мерки со кои би се намалиле трошоците за работа, а со тоа Финска би можела да се носи на пазарот со Германија и Шведска.
Минатата година работничката организација и синдикатите се согласиле на продолжено работно време, замрзнување на платата и помалку годишен одмор, а во исто време пораснале износите кои морале да ги плаќаат за разни социјални услуги кои им ги пружа државата.
На
изјавите на Матила имало бурни реакции од лидерите на опозицијата, па лидерот на Зелената партија, Виле Нинисто, утврдил дека тој заработува 10 пати повеќе од просечниот фински работник .