X
 20.02.2016 Култура

Правилата на Google за вработување на најдобрите работници

Секоја година, Google довива повеќе од 2 милиони пријави за работа од целиот свет, а вработува неколку илјади од овие кандидати.

 

гугл


Процесот за вработување трае околу шест недели, а секој кандидат треба да биде испитан од нивниот потенцијален шеф, потенцијални колеги и комисијата за вработување.

Сепак, од Google велат дека времето на процесот на вработување е значително намален, со што самиот процес е поефикасен.

Во раните денови на компанијата, вработувањето траеле од 4 до 10 часа секоја недела за менаџерите, додека врвните директори трошеле цел ден. До 2013 година, компанијата пораснала и имала 40.000 вработени и го намалила тоа време на еден и пол час неделно.

Ласло Бок, од Google објаснува дека истражувањата и експериментите и` помогнале на компанијата да вработи исклучителни луѓе. „Постојат четири едноставни принципи кои можат да бидат од корист дури и за најмалиот тим да биде многу подобар во вработување“, пишува тој.

1. Поставете некомпромисен висок стандард

Ќе бидете во можност за брзо време да утврдите дали некој вреди да оди на првото интервју со тоа што ќе ги поставите стандардите многу високо.

Ова се однесува за сите работни позиции. Ако изнајмувате административен асистент, немојте да барате некој кој ќе може да одговори на телефонски повици и некој кој ќе може да ви ги закажува состаноците - пронајдете некој кој ќе ви ја олесни работата со организирање на вашето време и приоритети подобро отколку што можете вие.

2. Самите пронајдете кандидати

Google работи со некои компании за регрутирање, но само во специфични ситуации во кои надворешната експертиза е потребна, како на пример градење на нов тим во друга земја.

Денес Google се потпира на сопствените веб страни за кариера. Кога вашата комапнија ќе започне да расте, вашите најдобри луѓе треба да бидат во потрага по нови работници.

3. Поставете поголеми групи за проверка на кандидатите и за подобра објективна оценка

Компанија со големина на Google може да си дозволи голема група на луѓе да поминува време со секој кандидат, но дури и помалите компании треба да избегнуваат да го стават товарот само на една личност кога станува збор за вработување.

4. Дајте им на кандидатите причина зошто тие треба да бидат дел од вашиот тим

Ако кандидатот не може да се одлучи, тогаш потребно е да му дадете причина зошто треба да работат во вашата компанија. Објаснете зошто работата која ја извршувате во компанијата е важна, и оставете го кандидатот да се запознае со неверојатните луѓе со кои ќе има можност да работи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура