Нема шанси да не се сеќавате на извршниот директор на една американска компанија што пред четири години си ја намали платата за да им ја покачи на вработените на 70.000 долари.
Ден Прајс, шеф на „Гревити Пејментс“ од Сиетл, повторно го направи тоа оваа година.
Тој рече дека сите работници во новата канцеларија во Бојси до 2024 година ќе заработуваат плата од 70.000 долари.
- Утрово им објавивме на нашите работници дека ќе почнат да заработуваат 70.000 долари. Благодарен сум што работам со овој неверојатен тим - напиша Прајс на неговиот твитер-профил.
Канцеларијата во Бојси претходно била независна компанија под името „Чарџитпро“, пред три години ја купи како филијала компанијата „Гравити“, за обработка на кредитни картички.
Во 2015 година одлучил да им ја зголеми платата на своите работници. Тогаш изјави дека дополнителниот приход може значително да влијае врз емоционалната благосостојба на некои луѓе.
Донел одлука да им ја зголеми платата на своите 120 вработени во Сиетл на 70.000 долари, намалувајќи си ја својата.
Сите му предвидувале дека брзо ќе пропадне, но се случи сосема спротивна работа.
Во првите неколку месеци имал проблеми, а потоа следувал одличен период. Откако ја донел оваа одлука, морал да ја даде својата куќа под кирија за да добие дополнителни приходи. Но, неговата неверојатна несебичност се исплати, а профитот на компанијата
двојно
се зголемил.