Каде и да отидете на одмор, едно од поважните прашања во летните месеци сѐ повеќе е за тоа како да се помине одморот откривајќи нови места.
Фото: Shutterstock
Ако останете во Европа, меѓу 25те најевтини градови на пописот на Стандард се најдоа два хрватски градови, Загреб и малку поскапиот Задар.
За една ноќ во Загреб потребни Ви се 36 евра, а за во Задар околу 41 евро. На оваа листа се и Љубљана и Белград, а исто така и Братислава, каде за една моќ во прошетка веројатно ќе потрошите околу 40 евра.
Истамбул е релативно поевтин од овие градови и таму за една ноќ би потрошиле 30 евра, исто како и во Белград, а во Полска во Вроцлав потребни Ви се 41 евро исто како во Љубљана.
Солун и
Софија се меѓу поевтините и за таму Ви се потребни 31 евро за една ноќ, а излегувањето во Киев ќе Ве чини за едно евро поскапо, односно 32 евра.