Иако обичните смртници мора да имаат трпение до 2019 година за да откријат кој ќе седне на „железниот трон“ и каква судбина ќе имаат омилените ликови, актерите од „Игра на троновите“ го дознале конечниот расплет.
фотоизвор: Maxim.com
Софи Тарнер, која во серијата ја игра улогата на Санса Старк, открила за „Холивуд репортер“ дека последната сцена ѝ оставила слатко-горчлив вкус.
Крајот на приказната ѝ побудил чувство на тага, но и гордост, вели таа.
„Продуцентите го прочитаа последното сценарио пред целата екипа. Беше многу емотивно. Во еден момент сите заплакавме. Потоа станавме и ракоплескавме“, изјавила Софи.
Во продолжение, најавила многу возбудлива сезона.
„Нè чекаат уште фантастични елементи и епски борби. Во оваа сезона ќе се создадат повеќе поврзаности помеѓу ликовите отколку во која било сезона досега. Нè очекуваат многу сплетки и нови сојузи“, рекла
Софи.