X
 12.01.2023 Економија

Која е старосната граница за пензионирање низ Европа?

Француската Влада неодамна најави реформи во пензискиот систем со кои се предвидува да се смени возраста за заминување во пензија од 62 на 64 години до 2030 година. Освен тоа, жителите на Франција ќе треба да работат полни 43 години за да имаат право на целосна пензија.

Која е старосната граница за пензионирање во другите земји низ Европа?

Според податоци од 2020 година, просечната старосна граница во Европската Унија е 64,3 години за мажите и 63,5 години за жените. Во Европа, највисоката старосна граница за мажите и жените е 67 години, а таа се практикува во Норвешка и во Исланд. Во Холандија старосната граница за двата пола е 66,3 години, во Обединетото Кралство и Ирска е 66, а во Германија 65,7 години.

Во земјите од регионот Хрватска ја има највисоката старосна граница за мажите - 65, додека за жените таа е 62,5 години.

Најниска старосна граница за пензионирање има Турција, каде што мажите се пензионираат на 52 години, а жените на 49 години. Следуваат Грција, Италија, Луксембург и Словенија со 62 години за двата пола. Поголемиот дел од овие земји нудат и опција за рано пензионирање.

Процени за иднина

Според процени од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), нормалната старосна граница за пензионирање ќе се зголемува во иднина. До 2060 година се проценува дека Данска ќе има највисока старосна граница за пензионирање од 74 години. Потоа ќе следуваат Италија и Естонија со 71 година за двата пола.

Се проценува дека Луксембург и Словенија ќе ја имаат најниската старосна граница за пензионирање од 62 години за двата пола до 2060 година.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија