X
 16.06.2017 Живот

Водич за последното лето пред факултет

Откако Ви заврши матурската вечер на која веројатно пиевте и танцувавте повеќе од доволно со пријателите и професорите, време е да размислете како би го поминале последниот вистински летен одмор.

море
Фото: pixabay.com

Ова е лето во кое ќе се почувствувате најслободни и во кое ќе имате најмногу слободно време за себе. Ќе имате помешани чувства, ќе се грижите за тоа што Ве чека на студиите особено доколку студирате во друг град, новото опкружување и пријатели, а од друга страна ќе бидете среќни што конечно завршил еден циклус од школувањето.

Секако ќе Ви недостигаат и оние ситници кои во средното училиште Ви изгледале особено интересни.

Поради сите овие околности добро е да не го трошите времето на празно. Понатаму прочитајте предлози за тоа како ова лето да Ви биде најинтересниот распуст до сега.

Направете забава во Вашиот дом на која повторно ќе ја облечете облеката од матурата

Веројатно е дека ова лето Вашите родители ќе бидат попопустливи. Затоа искористете го времето да се забавувате со школските пријатели со кои веројатно ќе се гледате сѐ помалку.  Во годините што следуваат нема да успеете да се соберете сите како и сега. За да Ви биде поинтересно, облечете ја облеката од матурата, за која веројатно сте дале повеќе пари.

Патување со друштво: море, музика, фестивали

После ова лето ќе запознаеш целосно нова екипа. Некои од нив веројатно е да ти бидат најдобри пријатели, но до ова е потребно одредено време. Затоа е добро последното средношколско лето да го поминеш со луѓето кои веќе ги знаеш додека не изгубите контакт. Не мора да биде тоа скап одмор. Важно е да се ги заокружите спомените од средно со безгрижно дружење.

Напијте се со омилениот професор


Сите имаме омилен професор со кој на часовите се разбираме целосно и со кого многу пати сме замислувале како пиеме пијачка во локал. Сега е сосема во ред таа желба да си ја остварите.

Книга која од секогаш си сакал да ја прочиташ


Овде станува збор за книга која не е лектира. Секогаш сте сакале да ја прочитате, но не сте имале време заради книгите во училиште. Не одложувајте, прочитајте ја.

Одделете време за себе, затоа што следи период кога ќе имате цимери


Со оглед на тоа дека повеќето студенти живеат со цимери, Вашата приватност ќе биде сведена на минимум. Одделете време во текот на летото и уживајте во свои четири ѕида.

Уживај во домашната готвена храна


Во годините на студии, најчесто храната нема да биде свежа и топла. Веројатно ќе ги добивате во смрзната форма, а ниту мирисот од мензата нема да биде близу до оној од домашната храна. Затоа со сите сетила уживајте во она што се готви дома и научете да готвите барем основни работи како супа и омлет.

Направете нешто што сте сакале цело средно, но родителите Ви забранувале

Сега е тој момент. Ако сакате да ја избричите половина глава или да ја фарбате виолетова слободно пробајте. Време е да ги навикнете родителите дека немаат повеќе контрола над Вашиот живот. Освен тоа, тие нема ниту да Ве гледаат постојано, така да време е да ја ставите на тест и довербата.

Одделете време и за своите родители


Иако Ви е тешко да замислите ќе има моменти кога ќе Ви недостигаат и кога Вие први ќе се јавите или ќе ги контактирате на било каков начин. Уживајте со нив додека можете затоа што ќе Ви недостигаат и тие и браќата и сестрите со кои инаку не се согласувате.

Истражете за идните пријатели на Фејсбук

Не е лошо малку да истражувате да видите што Ве очекува. Секако, не претерувајте, но истражете го теренот што Ве очекува за следната година, и секако, не судете додека не ги запознаете во живо.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот