Факултетот за туризам на Бали, Индонезија, почнал да прима кокоси како школарината поради финансиските проблеми на студентите настанати како последица на пандемијата.
Кога студентите на академијата за туризам „Венус уан“ плаќаат за студиите со кокоси, факултетот ги користи за да произведе кокосово масло. Студентите може да платат за студиите и со листови од растенијата моринга и готу кола, од кои може да се произведе сапун и од неговата продажба да се соберат пари за академијата.
Програмата функционира од март, откако факултетот добил дозвола да функционира на овој начин. Директорот на факултетот, Вајан Пасек Ади Путра, открил за медиумите дека студентите плаќаат на алтернативните начини на три рати.
- Сакаме да ги научиме студентите да ги оптимизираат
природните извори во нивната околина. Кога пандемијата ќе заврши, тие ќе влезат во светот на туризмот со различни вештини - изјавил директорот.
На факултетот се забранети предавањата во живо за студентите што живеат во места со многу заразени лица со Ковид-19. Оние од помалку погодените места ги следат предавањата во помали групи.
Автор: Наина Бардвај
Извор:
businessinsider.in
Насловна фотографија: Pixabay