Средношколец од јужна Калифорнија постигна изненадувачки академски успех - тој е прифатен од секој универзитет од Ајви Лигата.
17 годишниот Фернандо Рохас, син на мексикански имигранти, планира да се запише на Универзитетот Јеил.
Како што вели Фернандо, аплицирал на сите елитни универзитети надевајќи се дека ќе го прифатат на еден. Но, излезе дека сите го сакаат.
Ајви Лигата е група на осум приватни универзитети во Америка, познати по нивниот академски успех, селектвиност во пријавите и социјален елитизам. Тоа се Харвард, Јеил, Принстон, Браун, Корнел, Колумбија, Дартмаут и Универзитетот во Пенсилванија.
Фернандо вели дека истовремено е и возбуден и исплашен откако сфатил дека тој мора да избира еден од сите тие универзитети. Неговиот тренер за дебати, Сал Тинахеро вели дека најголемата мотивација на Рохас било да му каже на неговите родители дека не работеле напорно за ништо.