X
 18.06.2017 Образование

Британски универзитет отвори отсек за „електронски спортови“



Играчи на видеоигри во играчница
(Фото: Youtube)

Универзитетот Стафордшир во Велика Британија е првиот универзитет во оваа земја кој отвора отсек за студирање на „електронски спортови“, односно компјутерски игри, каде студентите ќе имаат можност за учат за е-спортската индустрија, со посебен фокус на игрите Lol, Dota 2, Hearthstone, CS:GO, Overwatch  и Smash Bros.

Првиот семестар ќе почне во септември 2018 година, а главна цел на новата насока на универзитетот е едукација за деловната страна на е-спортот.

Студентите во текот на тригодишните студии, меѓу другото, ќе учат за културата на е-спортот, користењето на социјалните мрежи во маркетиншки цели како и за организирање на е-спорт настани.

Завршените студенти ќе се стекнуваат со титулата –  е-спорт менаџер.

Вакви насоки веќе постојат на некои универзитети во САД и во Кина.

Натпреварувањето во електронски спортови станува сè попопуларно, а се предвидува дека до 2020 година оваа индустрија би можела да оствари приход од речиси една милијарда американски долари и публика која ќе достигне до 600 милиони лица.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование