Популарната игра „Пасијанс“ на „Мајкрософт“, попозната како „Солитер“, влезе во Халата на славните видеоигри.
Од 1990 година, кога беше создадена, играта е преземена на милијарда компјутери, приспособена е за 65 светски јазици, а е играна дури во 200 земји, вклучувајќи го и Антарктикот.
- Неверојатно е да се помисли дека тоа е една од најпопуларните видеоигри, а идејата на „Мајкрософт“ била само корисниците да научат да го користат глувчето - истакна Пол Џенсен, менаџер во „Мајкрософт кежуал гејмс“.
Фото: Bizlife
„Пасијанс“ е позната како игра за тепање време на работното место, особено популарна меѓу административците.
Халата на славните видеоигри е основана во 2015 година во чест на електронските
игри.