X
 26.06.2018 Технологија

Што кажува 40-тиот роденден на „Space Invaders“ за 70-тите и за денешницата?

Легендарната видеоигра „Space Invaders“ го слави својот 40. роденден. Тоа е иконско софтверско парче за кое се вели дека е една од првите дигитални игри со пукање. Како и многу игри, така и оваа и другите игри околу неа ги прикажуваат културните судири и проблеми што биле актуелни при создавањето од страна на јапонскиот програмер Томохиро Нишикадо.

- Како истражувач на игри, знам како игрите откриваат мит, значење и култура - пишува Линдзи Грејс, дизајнер на игри и професор.

На пример, анализата на славната „Pac-Man“ покажува како таа игра олицетворува многу вредности од тоа време, вклучително консумеризам и земањето дрога. Пораката во „Space Invaders“ е основна, како и графиката: Кога се соочуваат со конфликт, луѓето немаат опција освен да го критикуваат, односно нападнат.

Избегнувањето на непријателот само го одложува неизбежното. Играчите не можат да одат ни напред ни назад, туку можат само да ја бранат својата територија. Нема ни причина поради која се случува инвазијата. Играчите знаат само дека окупаторите мора да бидат уништени. Ова е карактеристична културна перспектива која го нагласува пукањето пред сѐ друго.

Фото: CNN

Историски пионер

„Space Invaders“ не е првата игра со пукање, „Spacewar!“ е постара (од 1961 година), но „Space Invaders“ е меѓу најкопираните. Дури и луѓето што никогаш не ја играле оригиналната „Space Invaders“ веројатно играле некоја од повеќето од 100 клонови од неа, вклучително и првата рекламна игра „Pepsi Invaders“.

„Space Invaders“ го најави растот на јапонската индустрија на игри, која се гледаше како застрашувачка културна инвазија на САД од страна на Јапонија. Играта исто така истакна колку се кревки некои елементи од западниот идентитет. САД си имаа изградено чувство дека се најдобрите, но беа предизвикани од јапонскиот економски раст. Но, беше комплицирано. Како што јапонските произведувачи на автомобили придобиваа клиенти од американските автомобилски компании, тие почнаа да прават свои автомобили во САД, па тоа беа јапонски или американски автомобили?

Фото: CNN

Исто така, ако најголемиот хит на американскиот произведувач на игри „Atari“ беше јапонска игра, колку американски беше успехот на оваа компанија. Во секој случај, милиони американски потрошувачи го купија системот за игри на „Atari“ за да можат да ја играат „Space Invaders“ во своите домови. Пет години подоцна, во 1983 година, индустријата на игрите се распадна бидејќи американските игри не беа интересни и беа многу слични една на друга.

Во 1985 година јапонскиот „Nintendo Entertainment System“ најави нова ера на домашно конзолно играње. Тоа дополнително го предизвика американскиот идентитет - американските компании не се иновираа, а јапонските успешно ја пополнуваа таа празнина.

Митовите за инвазијата

„Space Invaders“ собра и многу митови околу себе, а тие откриваат повеќе за општеството отколку за самата игра. Највпечатливата легенда е дека играта била толку популарна, што јапонската економија снемала монети. Тоа не е вистина, но како и многу митови за игрите, звучи толку добро што е лесно да надвладее.

Таа измислица е претходник на поголеми заблуди за игрите. Луѓето ги обвинуваат игрите за падот на економиите и за невработеноста. Иновациите направени во игрите ги поддржуваат технолошките иновации кои го менуваат општеството и начинот на кој луѓето се социјализираат, но луѓето исто така се склони да ги обвинуваат видеоигрите за големите системски проблеми, како насилството со оружје.

Постои и друга приказна дека побарувачката за „Space Invaders“ била толку голема што дури и со неколку инсталирани машини за играње се чекало ред. Без разлика дали чекале ред за играње, се знае дека луѓето гледале како другите играат. Тоа помогна да се постави основата за растот на аркадните и мрежните игри, кои се предвесници на професионалните играчи и денешната мултимилијардерска индустрија на е-спортови.

Фото: CNN

Историјата покажува дека игрите го менуваат општеството. Доаѓањето на аркадните игри беше ново како и современото користење на микротрансакциите што денес се користи со мобилните игри.

Како и освојувачите што се спуштаат кон играчот, непознати, но секогаш заканувачки, некои луѓе се плашат од игрите.

Сепак, на крајот, како и самото играње на „Space Invaders“, радоста доаѓа во интеракцијата со таа промена, нејзиното усовршување и преминувањето кон следното ниво.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија